Слатки овошни корпи од палачинки
За да ги избегнете стандардните и високо калорични рецепти, ова лето ви предлагаме да пробате нешто ново и уникатно.
Овие корпи од палачинки се наједноставниот рецепт кој можете да го замислите, а делуваат премногу вкусно и егзотично.
Состојки:
- Тесто за палачинки
- ½ лимон
- 1 јаболко
- 2 портокали
- 4 киви
- 2 банани
- 1 мала конзерва ананас на коцки
- Мед
Подготовка:
Подгответе стандардно тесто за палачинки во длабок сад, а потоа додајте две лажички свежо цеден сок од лимон во тестото и добро промешајте.
Во тавче испечете малку подебели палачинки и секоја палачинка ставете ја на превртена огноотпорна чаша за да се формира во облик на кошничка.
Чашите ставете ги во тава, како што се заедно со палачинките и печете неколку минути на 150 степени. Почекајте кошничките да се стврднат пред да ги извадите од рерна. Откако целосно ќе се оладат, тргнете ги од чашите.
Преминете на овошјето. Сите овошја измијте ги убаво и исецкајте на мали коцкички. Овошната салата истурете ја во корпите, исцедете малку сок од ананас и додајте го медот или чоколаден прелив по желба.
На здравје!