33 знаци дека сигурно стареете
Речиси 58 проценти од луѓето се плашат од стареење а, најмногу се загрижени околу губење на помнењето, физичко пропаѓање, болести. Освен тоа се грижат дали ќе останат сами и дали ќе можат да се грижат за себе.
Меѓутоа секој осми смета дека ти си стар онолку колку што се чувствуваш. Дури 76 проценти од нив имаат намера да уживаат во младоста колку што може повеќе.
За повеќето, првите знаци на стареење се губењето на коса, зголемена длакавост на усните и ушите, спиење пред телевизор и невешто раководење со мобилни телефони, таблети. Со годините модниот стил се менува па затоа предност се дава на удобна облека него модерна.
Ова се 33те знаци кои со сигурност укажуваат дека полека, но сигурно стареете...
1. Вкочанетост
2. Лелекање при свиткување
3. Користење на фрази "кога јас бев млад така работите не функционираа"
4. Користење на фрази “во мое време“
5. Губење на косата
6. Непознавање на музичките топ листи
7. Зголемена длакавост на ушите и носот
8. Избегнување на места со гласна музика
9. Појава на болки во зглобовите
10. Заборавање на туѓи имиња
11. Бирање на облека поради удобност, а не поради изглед
12. Мислење дека сите што се на водечки позиции се премлади
13. Спиење пред телевизор
14. Задолжителна попладневна дремка
15. Неразбирање на културата на младите
16. Невешто раководење со технологија
17. Технолошка неупатеност
18. Упорно приговарање и жалење за било што
19. Носење очила на врвка околу врат
20. Непознавање на модерни брендови
21. Избегнување на носење на тешки работи
22. Приговарање на телевизиските програми
23. Заборавање каде ги оставате очилата, торбата, клучевите
24. Гледање на сериозни емисии
25. Бавно возење
26. Избор на мирна вечер дома наместо излегување во град
27. Заинтересираност за антиквитети на улични пазари
28. Спиење после една чаша вино
29. Тешко симнување на килограмите
30. Градинарство
31. Користење на крем против стареење
32. Решавање загатки и крстозбори
33. Остар јазик на секоја прилика, иако тоа не е примерно