Природни средства за отстранување шминка
Секојдневното чистење на лицето со млеко за отстранување шминка може да ја надразни вашата кожа. Одлична замена се продукти кои можете да ги најдете во вашата кујна, а кои не содржат хемикалии и можете да ги спремите на едноставен начин.
Млеко и јогурт
Млекото ги чисти и најдлабинските слоеви од кожата и е вистински избор за чувствителните очи. Ја смирува и чисти маснотијата на лицето, а протеините кои ги содржи, кожата лесно ги впива и се регенерира.
Доволно е само една лажица млеко да смешате со неколку капки бадемово, кокосово или маслиново масло и со таа смеса да ја отстраните шминката од лицето.
Масло
Маслиновото масло ефикасно ја отстранува шминката, па дури и онаа водоотпорната. Можете да натопите памучно топче само во маслиново масло и така да ја отстраните шминката, а можете и да направите смеса од една лажица маслиново и една лажица рицинусово масло, бидејќи ова е комбинација која одговара на сите типови кожа.
Краставици
Краставиците се богати со силициум – минерал кој го зацврстува тонусот на кожата. Освен тоа, краставиците го поттикнуваат создавањето на колаген во кожата и помагаат во забавување на процесот на стареење. Во комбинација со малку млеко, успешно ја отстрануваат и шминката.
Во блендер измиксајте една краставица, и полека додавајте пола шолја млеко. Потоа смесата ставете ја во друг сад и варете околу 10 минути. Оставете да се олади.
Тоник за чистење на лицето можете да направите и так што ќе изрендате една краставица, ќе го процедите сокот и ќе додадете неколку капки детско масло.