Тинејџерка дизајнира апостолки и заработува милиони
15-годишната Медисон Робинсон има своја сопствена фабрика за изработка на апостолки, а до сега заработила неколку милиони долари. Исто како и секој одличен производител, таа не застанала до производството на апостолки, па денес во нејзината фабрика се произведуваат и маици, капи и секаква опрема за на плажа.
Иако повеќето девојчиња на нејзина возраст водат војна со мислата што ќе носат на матура, таа веќе на големо мисли на работата и заработува. Медисон ја добила оваа идеја на 8 години, а својот производ го нарекла “Fish Flops”. Со голема помош на својот татко Ден, идејата за апостолките се претворила во реалност.
Нејзините апостолки се продаваат по цена од 25 долари, а до сега има продадено преку 60.000 пара.
Младата Медисо изјавува како оваа работа и помогнала да усоврши многу животни вештини, а сите пари кои ги заработува нејзиниот татко ги чува за студирање.