Необични употреби на путерот од кикирики
Путерот од кикирики покрај тоа што е одличен десерт, може да направи чуда во вашиот дом. Нема да ви се верува каква корист може да имате од него.
Навикнати сме да ги гледаме американците како во секој оброк го додаваат путерот од кикирики, но освен за заситување, овој десерт има уште неколку користи:
Отстранување лепенки
Лепенките на теглите и шишињата размачкајте ги со путер од кикирики и оставете ги да постојат 10-15 минути. Со натопена крпа и топла вода ќе ги отстраните едноставно, без да останат траги од лепак.
Чистење на кожни површини
Путерот од кикирики прави чуда кога станува збор за мебелот. Едноставно истријте ја кожната површина, а потоа пребришете со мокра крпа. По оваа процедура исчистете ја кожата како и обично - со средство за чистење. Никогаш не го прескокнувајте последниот чекор доколку сакате комплетно да го отстраните лепливиот слој на путерот.
Регенерирајте ја косата
Искористете го путерот од кикирики како маска за сува и безживотна коса. Маската држете ја на косата околу 15 минути, а потоа измијте ја како и вообичаено.
Отстранете мастика од коса
Путерот од кикирики е единствениот спас за оние кои водат војна со мастика во косата. Има слично дејство како и кај отстранувањето на налепници. Само нанесете и истријте на местото каде што е мастиката, оставете да делува 10тина минути, а потоа лесно расчешлајте и отстранете ја.
Глатко бричење
Останавте без крема за бричење? Размачкајте го путерот од кикирики на нозете и избричете ги. Тој ја штити кожата од надразнување и ја омекнува. По оваа постапка добро исплакнете.
Отстранете ги остатоците од лепак
Колку пати ви се случило да си ги залепите прстите со супер лепак на кој му требаат неколку дена додека падне? Решете се од овој проблем со путерот од кикирики, бидејќи е одличен за чистење на секој вид лепак.
Дајте му лек на миленичето без проблем
Речиси сите кутриња се луди по путер од кикирики, па затоа следен пат наместо да го мотате апчето во салама, изгмечете го и измешајте го со путерот. Така успешно ќе го залажете.