Вечни ривали: свекрва и снаа
Прашањето зошто не се сакаат свекрвите и снаите е еквивалентно на она со кокошката и јајцето. Оваа појава постои отсекогаш, во сите култури, а нејзината причина е многу поедноставна отколку што се претпоставува.
Додека старата народна поговорка ги советува мажите „гледај ја мајката, одбери ја ќерката“, за ќерките нема предупредување. Тие го одбрале својот маж и им останува само да се надеваат дека нема да има проблеми со неговото семејство, особено со неговата мајка, бидејќи родителите не може да се одбираат ниту своите ниту неговите.
Можеби овие совети можат да помогнат во надминување на нетрпеливоста.
Совети за снаите
- Почитувајте ги нејзините години.
- Понудете и помош околу купување, средување на куќата, подготвување на слава...
- Не реагирајте на замерките и прозивањето.
- Телефонирајте и често за да ја прашате како е. Повикајте ја кај вас дома на кафе/ручек, во град, без присуство на нејзиниот син.
- Запрашајте ја за совет, или некоја помош, дури и кога не ви е неопходна, нека се почувствува корисно.
- Таа сепак го родила човекот кој вие го сакате.
Совети за свекрви
- Немојте да се мешате во одгледувањето на децата. Почитувајте ги правилата кои ги поставиле нивните родители.
- Немојте да го критикувате начинот на кој го водат домаќинството и организираат својот живот. Ако им треба помош, ќе ја побараат.
- Почитувајте ја нивната приватност и интима. Ни вие не би сакале некој да ви доаѓа ненајавен, или да ви чепка по плакарите и тенџерињата.
- Не инсистирајте да се гледате почесто и немојте да се жалите дека синот ве запоставува. Тој сега има свое семејство.
- И вашата снаа е нечие дете, а вие на својот син секогаш ќе му бидете мајка.
- Суштината на проблемот е: една куќа не може да има две газдарици.
Совети за синот/сопругот
- Разговарајте со секоја поединечно за нетрпеливоста, без прекорување. Ставете им на двете до знаење дека ги сакате, но на различен начин. Замолете ја сопругата да ги земе во предвид годините на вашата мајка и да сфати дека таквото однесување е вообичаено начин, нека се почувствува зрело.
- Ако живеете во заедница, гледајте тоа што побргу да се смени. Ниту едно стадо нема две лавици, ниту куќата две газдарици.
- Бидете подеднакво нежни и одговорни кон двете на различен начин. Понекогаш сличен, но суштински различен. Освен син и сопруг, вие сте маж кој мора да се почитува и чиј збор има тежина.
Ваши искуства или совети?