Направи сам - Освежувач на простор
Денес постојат многу освежувачи за простор, но сте се запрашале некогаш дали се тие сосема безопасни и здрави кога ги вдишуваме?
Разните спрејови содржат хемикалии кои би можеле да му наштетат на вашето здравје.
Оние кои страдаат од астма, посебно би можеле да бидат погодени од овој проблем, во вид на појава на алергии, главоболки па дури и депресија!
Токму затоа, еве пар совети како сами да си направите природен, пријатен освежувач за простор.
Природни масла
Користете мирисни масла како освежувач за вашиот дом. Земете една лажица од вашиот омилен мирис на природно масло, помешајте го со пола шолја оцет и две шолји вода. Течноста исипете ја во сад со распрснувач и ете ви природен освежувач!
Цветни екстракти
Вашиот омилен цветен мирис претворете го во освежувач на вашиот дом. Како? Земете ливчиња од некој свет (јасмин, ружа, лаванда) и варете ги во вода на средна температура околу 30 минути. Процедете ја водата и сипете ја во шишенце со распрснувач. Оставете да се олади, а потоа напрскајте низ просторот.
Зачини
Земете по една лажица од вашите омилени зачини како цимет, кардамон, каранфилче и слични и провријте ги во вода на висока температура од 20 до 25 минути. Сипете во шише со распрснувач и нека вашиот дом замириса на Индија.
Свеќи од пчелин восок
Не одете во супермаркет за да набавите скапи мирисни свеќи. Направете си сами од пчелин восок, бидејќи тој емитува мек мирис и го освежува просторот.