Авантуристички ручек во ресторан на дрво
Хотелот Сонева Кири на своите гости им нуди уникатно доживување – вкусен тајландски ручек на дрво. Мини сепарето за двајца е изградено на едно дрво високо над 4 метри, помеѓу густа вегетација.
Местото каде што е направено малото сепаре е од плетени трски, а внатрешноста е обложена со меки и удобни перници.
Особена интересна е послугата во овој ресторан. Келнерите кои ја доставуваат храната се качуваат по дрвата до некаде со скали, а нагоре веќе е вистинска авантура – со тенко јаже, на мало платно и многу чинии во рака.
Овој ресторан е дел од Сонева Кири, каде што преноќување чини точно 950 долари за кои што добивате луксузно сместување, авантуристички ручек и многу прошетки во околната природа.