Вулканска пареа со ефект на Вијагра
Еден малечок италијански вулкан стана вистинска мека на сите туристи кои доаѓаат тука единствено заради една заедничка работа – да водат љубов.
Откако е откриено дека вулканските испарувања делуваат нешто слично како и „вијагра“, се поголем број туристи брзаат да го посетат ова место, во потрага по врвно уживање и ерупција на страстите.
Околу овој активен вулкан веќе се создадени секс – паркинзи на кои посетителите можат да бидат интимни, а при тоа да имаат спектакуларен поглед на околината. Сите посетители при влез добиваат соодветни средства за контрацепција и летоци за сигурен секс.
Пареата која испарува наоколу делува како силен афродизијак, па освен ерупција на вулканот, наоколу има се повеќе и ерупции на страсти. Во што е трикот?
Вулканската пареа содржи водород сулфид, гас кој уште е познат под името „ѓаволска смрдеа“, која им помага на мажите со проблематична потенција.
Ако се вдишува во големи количини овој гас е отровен, но научниците тврдат дека во мали дози предизвикува низа хемиски реакции во организмот, особено оние кои играат битна улога во постигнување ерекција.
Хемикалиите од овој гас предизвикуваат поголем проток на крвта и ги стимулираат нервите и мускулите кои ја контролираат ерекцијата.
Па има ли некој заинтересиран пар кој би го посетил местово?