Мали домаќински трикови
И покрај тоа што денес постојат најразлични средства за отстранување на секакви нечистотии и дамки од разни површини, сепак се чини дека оние наједноставни трикови кои ги користеле нашите баби, понекогаш најдобро функционираат.
Со помош на овие мали совети, ќе заштедите време и пари, а вашата кујна ќе блеска.
Како најлесно да го исчистите блендерот?
Откако ќе го исипете готовиот пијалок во чаша, блендерот веднаш ставете го во мијалникот, наполнете го со малку вода и додајте неколку капки детергент за садови. Потоа, вклучете го да работи околу 20 секунди. Откако ќе измине времето, исплакнете го со вода. Чистењето е завшено!
Како да ја чистите микробрановата печка?
Микробрановата печка може да ја исчистите за само 5 минути. По употреба, во печката ставете неколку влажни хартиени крпи и вклучете ја да работи на висока температура неколку минути. Пареата од мокрите крпи ќе ги омекне сите нечистотии на ѕидовите на печката, а кога температурата малку ќе падне со истите тие крпи избришете ја внатрешноста на печката.
Ориз за чистење на млинот за кафе
Во млинот за кафе ставете пола шака неварен бел ориз и накратко вклучете го во струја. Оризот совршено ќе ја исчисти внатрешноста на млинот.
Сол за отстранување на тврдокорни маснотии од тавата
Ставете неколку лажички сол на стврднатите маснотии и истријте со метална жица, па потоа исплакнете.
Природен рецепт за чист кафе мат
Наполнете го апаратот за кафе до четвртина со лед, исцедете сок од две парчиња лимон и додајте две лажички сол. Мешајте ја оваа смеса брзо околу 2 минути. На крај исплакнете со топла вода.
Лимон и вода за отстранување на тешки мириси
Во шолја со вода додадете пола шолја лимонов сок. Вклучете ја микробрановата печка на висока температура да работи од 3 до 5 минути. Исклучете ја и во печката ставете ја шолјата со течност да делува околу 10 минути. Оваа смеса совршено ги впива непријатните мириси. Истиот трик можете да го направите и со вашата рерна.