9 начини за корисна употреба на јаболкото

„Едно јаболко дневно и доктор не ви е потребен“ е стара поговорка во која има голема вистина, бидејќи јаболката содржи многу корисни нутриенти. Но, освен како корисен и здрав оброк, јаболката може да ни биде од корист и на многу други начини.

9-nachini-za-korisna-upotreba-na-jabolkoto-4

1. Маска за лице

Јаболката ќе и го врати сјајот и свежината на вашата кожа. За оваа маска ви е потребно: 1 лажица мед, ¼ јаболка, ¼ излупен портокал, 6 зрна грозје и 3 јагоди. Овошјето без медот миксирајте го додека смесата не стане кремаста. Измијте го и избришете го лицето, па нанесете тенок слој на мед врз лицето, а преку него распоредете ја овошната смеса. Маската оставете ја да делува 15 минути, а потоа исплакнете го со топла вода.

2. Го подобрува вежбањето

Се прашувате како? Стиснете една јаболка меѓу бедрата и почнете да правите стомачни вежби. Така ќе активирате уште неколку групи мускули.

3. Победете ја мигрената

Следниот пат кога ќе ги почувствувате првите знаци на главоболка, помирисајте зелена јаболка. Студиите покажале дека овој мирис ја намалува болката и ја прави пократкотрајна.

9-nachini-za-korisna-upotreba-na-jabolkoto-2

4. Го забрзува зреењето на другите овошја

Можеби ви звучи чудно, но јаболката може да им помогне на другите овошки да созреат, бидејќи таа испушта гас кој го забрзува зреењето. Па ако имате дома недоволно зрело овошје како банана, авокадо или крушка, ставете ги заедно со јаболко во ист хартиена кеса.

5. Ја одржува влагата

Јаболката испуштаат влага, па ако сакате вашите колачи да потраат подолго ви советуваме да ги ставите во херметички затворен сад, заедно со јаболка.

6. Го омекнува кафеавиот шеќер

Често се случува кафеавиот шеќер да се стврдне и неговите кристали да се залепат еден за друг. Ставете го стврднатиот шеќер заедно со парче јаболко во кесичка или кутија која добро се затвора и шеќерот ќе биде како нов за неколку дена.

7. Засладете ја храната на природен начин

Јаболката се одлична алтернатива за преработениот шеќер. Ако печете колач, место шеќер можете да ставите сок од свежо цедени јаболка. Колачот ќе добие посебен шмек, а вие ќе заштедите на калории. Исто така, парчиња исецкано јаболко можете да додадете во фрапе или овошен јогурт.

9-nachini-za-korisna-upotreba-na-jabolkoto-3

8. Направете потпури од јаболка

Ако го сакате мирисот на јаболка, направете си потпури кои ќе му дадат на вашиот дом пријатен мирис,а и ќе послужат како декорација. Потребно ви е околу 200 мл сок од јаболка, 3 стапчиња цимет, една рака каранфилчиња, јаболка пресечена на тркалца, лажица екстракт од ванила и рендано мускатно оревче по желба. Состојките ставете ги во голем сад и чекајте да зовријат на шпорет. Кога ќе почнат да вријат, намалете ја температурата и додајте уште сок или вода. Внимавајте состојките да не ви изгорат.

10. Направете свеќник

Извадете го средишниот дел од јаболката и внатре ставете свеќа и ете ви свеќник!

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg