5 едноставни правила за долг и среќен живот
Според едно истражување кое го спровел проф. Карл Пилмер, а чија цел било да открие кои се тајните на луѓето со долг век, постојат 5 едноставни, животни правила.
Професорот во својот проект вклучил над 1500 луѓе од 70 па до возраст над 100 години, со кои разговарал, а нивните совети за долг век ги запишал во неговата книга: „30 лекции за живот – Испробани и проживеани совети од најмудрите Американци.“
Па, еве кои се тие:
1. Запомнете дека животот е краток!
Професорот своето истражување го започнувал секогаш со прашањето: „Кои се најважните лекции кои ги научивте во животот?“ Испитаниците биле од разни професии, со различен статус во општеството, сиромашни и богати, но сите дале единствен одговор – Животот е краток!
2. Кариера – Најдете работа која ќе ја сакате
Многу од неговите испитаници во текот на животот минувале низ тешки финансиски проблеми, па сепак на своите деца не им давале совет да најдат добро платена работа по секоја цена. Наместо тоа најди работа која ќе ја сакаш.
3. Здравствени навики – Однесувај се кон твоето тело како да ќе ти треба уште 100 години
Модерна технологија, брз и стресен начин на живот, недостаток од време за да се посветиме на здравјето... Сето ова го скратува нашиот животен век, па затоа испитаниците советуваат да се грижиме за нашето здравје и да го ставаме пред сите други приоритети во животот, бидејќи само здравиот човек има и други желби.
4. За што најмногу жалите?
Професорот најмногу бил изненаден од одговорите кои ги добил на ова прашање од своите испитаници. Тој очекувал да слушне потресни љубовни приказни, афери, каење заради разни зависности и слично, но добил сосема поинаков одговор: „Жалам што поминав толку време во жалење, каење и грижа на совест. Минатото не се враќа.“
5. Среќа – Бидете среќни и во тешки времиња
Истражувањето открило дека сите негови испитаници имале доста проживеано во животот, па сепак сите тие рекле дека не треба да чекате да најдете партнер, да основате семејство, да завршите школување за да бидете среќни. Едноставно живејте го моментот, па и ако е тежок.