10 магични употреби на кесичките чај

За лековитоста на еден од наједноставните напитоци одамна сме запознаени, но сосема неочекувана е користа од веќе употребените вреќички чај.

10-magicni-upotrebi-na-vrekickite-caj-01

Откријте како може да ја искористите вреќичката чај пред да ја фрлите во кантата за отпадоци.

1. Ги ублажува отечените подочници и црвенилото

Искористената вреќичка чај натопете ја со ладна вода, исцедете ја и ставете ја на очните капаци. Овие облоги ќе ја смират кожата околу очите, ќе ја намалат отеченоста и ќе го смират црвенилото.

2. Отстранете ги акните

Вреќичката чај оставете ја во ладна вода неколку минути, а потоа ставете ја на воспаленото место. Брзо и ефикасно ќе го намали црвенилото.

3. Ги смирува болните ранички во устата

Во топла вода натопете ја вреќичката со чај и неисцедена ставете ја на болното место во уста. Лековитите својства ќе делуваат антисептички. Доколку имате проблем и со воспалени непца, смирете ги по истата постапка.

4. Ублажете ја забоболката

Чајот содржи состојки кои значајно ја намалуваат болката. Замрзнете вреќичка црн или зелен чај, ставете ја на болниот заб и држете неколку минути. Повторувајте ја постапката додека не почувствувате подобрување.

5. Исчистете ги дамките во вц школката

Темните дамки во вц школката може лесно да ги отстраните ако фрлите една вреќичка чај на дното. Ако се работи за потврдокорна дамка, повторувајте ја постапката неколку дена по ред.

10-magicni-upotrebi-na-vrekickite-caj-1

6. Нахранете ги растенијата

Чајот има речиси ист ефект како и некои средства за подобрување на растот на цвеќињата. За подобар ефект во средството додадете и неколку вреќички чај кои ќе потстојат неколку минути. Ова е одличен начин да ги сочувате цвеќињата ако сте отсутни од дома подолго време.

7. Маринирајте го месото

Со помош на неколку кесички чај месото за на скара ќе биде помеко и сочно, а се што треба да направите е содржината од кесичките чај да ги истурите во веќе подготвената маринада и месото да го држите во оваа течност околу 2 до 3 часа.

8. Исчистете ги прозорците

Чајот може да исчисти тврдокорни маснотии или прашини насобрани на прозорците. Направете чај од веќе искористени вреќички, оладете го и префрлете го во шише со распрскувач. Едноставното прскање и пребришување со крпа и работата е завршена.

9. Освежете го плакарот и чевлите

За да ги отстраните непријатните мириси од плакарот, ставете неколку искористени кесички чај во пластичен сад. Непријатниот мирис од чевлите може да го отстраните ако оставите една кесичка директно во чевлите да делува цела ноќ.

10. Уживајте во високо калорични напитоци

Сакате да уживате во вкусни, слатки и високо калорични напитоци и покрај тоа што ги знаете последиците? Ублажете ги негативните влијанија со тоа што ќе додадете малку врел чај во високо калоричните или премногу слатки напитоци. Гарантираме дека и вкусот ќе биде попријатен.

Би можело да ве интересира:

Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg