Има 5 години, а висока е колку новородено бебе
Петгодишната Шарлота Гарсајд е родена во Велика Британија и е најмалото девојче на светот. Висока е 68 см, односно само малку повеќе од новородено бебе.
Нејзината мајка вели дека таа изгледа како порцеланска кукла, како детска играчка и луѓето постојано мислат дека таа е бебе, но таа е веќе одраснато дете.
Но, и покрај тоа што таа е само малку поголема од кутија со житарки, Шарлота води нормален живот како сите дева на нејзина возраст. Таа оди во редовно училиште и посетува курс по јавање.
Лекарите велат дека нејзиниот случај е специфичен и дека не се знае уште колку ќе порасне, но нејзината мајка е среќна што таа е жива, здрава и што се бори со секојдневието како и сите ние.