Што готват бабите низ светот?
Сите баби во светот се најмногу загрижени кога нивните внуци не се доволно најадени. И покрај тоа што можеби неколку пати сте и кажале дека не сте гладни, вашата бабичка сепак ќе зготви нешто вкусно за своето внуче.
Италијанскиот фотограф Gabriele Galimberti инспириран од овој гест, реши да започне патување низ светот и да фотографира што сè готват бабите низ разни земји. Овој проект тој го нарече „Деликатес зготвен со љубов“ а го заврши посетувајќи 58 земји и вкусувајќи најразлични специјалитети зготвени од рацете на вредните бабички.
Пред да тргне на оваа авантура, фотографот го испратила неговата баба и му дала совет добро да се храни!
Кое од овие јадења најпрво би го пробале, а за кое мислите дека немате доволно „силен“ желудник?
Ерменија (Сарма од говедско месо и ориз во лозов лист)
Хаити (Школки во креолски сос)
Малави (Гасеници во доматен сос)
Мароко (Лепче печено под вршник)
Италија (Блитва и Рикота равиоли во болоњезе сос)
Филипини (Месо од ајкула во супа од кокос)
Кајмански острови (Игуана со ориз и црвен грав)
Либан (Крем супа од ориз и леќа)
Кина (Дупло пржено свинско месо со зеленчук)
Индија (Пилешко виндалу во кари)
Латвија (Харинга со варен компир и крем сир)
Зимбабве (Каша од бело пченкарно брашно и листови од тиква во путер од кикирики)
Бразил (Феојада - Чорба со свински колбаси и грав)
Алжир (Пилешко со зеленчук и кускус)
Уште 14 специјалитети на следната страна...