Навики кои го вадат вашето милениче од такт
Иако немаат дар да зборуваат, во одредени ситуации верувајте дека имаат желба да ни кажат колку им одиме на нерви и колку ги правиме работите погрешно.
Еве кои четири нешта може да престанете да ги правите, ако сакате да го усреќите вашиот миленик.
Гушкање
Моментот кога ќе му се обесите околу врат и ќе почнете да го стискате, гушкате, бакнувате... Освен ако по оваа тортура не следи нешто навистина вкусно или интересно, верувајте дека има големи шанси да ви побегне на неколку часа.
Гледањето директно во него предизвикува агресија
Кога вашиот миленик влегува во соба преполна со луѓе не очекува сите да го гледате истовремено, да му кажувате слатки зборови или да испуштате чудни звуци. Во ред е да му посветите малку внимание, но претераното гледање и малтретирање може да поттикне агресија.
Погрешна храна
Иако ви се чини дека вашето милениче јаде сè што ќе му дадете, тоа не е вистина. Само во цртаните мачките обожаваат да јадат риба и да пијат млеко, а кутрињата се задоволуваат со една голема коска. Не е дека вашиот миленик ќе ви замери, но сигурно сака да јаде разноврсна и вкусна храна, исто како и вие.
Тие никогаш не сакаат шопинг
Никогаш не го мачете вашето милениче по големи салони за чевли или облека. Ако вие сте воодушевени од новата колекција, тој не го знае тоа. Одвојте неколку минути за прошетка во најблискиот парк, оставете го на чување, а потоа самите уживајте празнејќи ја картичката.