Креативна намена на неупотребените палети
Имате еден куп палети кои не знаете како и дали да ги употребите? Мислевте дека никогаш нема да им најдете примена во домот и ќе треба да ги оставите во некој отпад?
Овој пат ви даваме неколку идеи како со едноставни палети да направите уникатно парче мебел.
Сè што е потребно е да ги прелакирате и да ги заштитите од надворешните влијанија, а останатото е ваше. Дали ќе ги боите во бела или црна боја, дали ќе ги поставите хоризонтално или вертикално, дали ќе ги користите како маса или подлога за кревет - тоа е личен избор.
Во секоја варијанта изгледаат подеднакво модерно и уникатно. Вие само вклучете ја креативноста и започнете!
Овие неколку фотографии нека ви послужат како инспирација.