Би се осмелиле ли да поминете преку овој страшен мост?

Mостот Bay Bridge кој се наоѓа во американската држава Мериленд, веќе 61 година претставува ноќна мора за сите оние кои секојдневно мораат да го поминат за да стигнат до своите работни места во другиот дел од земјата. Некои кои немаат доволно храброст да возат сами, плаќаат по 25 $ за да бидат пренесени.

bi-se-osmelile-li-da-pominete-preku-ovoj-strashen-most-1

Овој меморијален мост чие оригинално име е „William Preston Lane“ е долг 7 км и ја поврзува источната и западната страна на земјата. Неговата структура е висока 57 м и е постојано на удар на силните ветришта.

Мостот е отворен 1952 година и е прогласен за деветтиот нај страшен мост во светот. Според кажувањата на жителите, овој мост станува кошмар кога има невреме, а тоа е многу често. Тогаш, возачите буквално не можат да видат каде возат.

Но, преоѓањето по овој мост не е бајка ни кога времето е убаво, бидејќи мостот изобилува со остри кривини, стрмни спуштања и затворени, клаустрофобични места.

Досега, мостот е затворан 4 пати заради лоши временски услови, а колку е тој страшен говори и податокот за таксистите кои возат исклучиво преку мостот за цена од 25 $ и кои за време на возењето освен што треба да се концентрираат на патот, мораат и да ги смируваат преплашените патници.

Верувале или не, постои центар наречен „Bay Bridge Drive Over Help“ во кој испаничените шофери можат да се јават, ако ги фати паника додека поминуваат преку мостот.

Би се осмелиле ли вие да поминете преку овој мост?

bi-se-osmelile-li-da-pominete-preku-ovoj-strashen-most-2

bi-se-osmelile-li-da-pominete-preku-ovoj-strashen-most-3

bi-se-osmelile-li-da-pominete-preku-ovoj-strashen-most-4

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg