Реј Чарлс е најслаткиот слеп златен ретривер во светот
Златниот ретривер Реј Чарлс е роден минатиот декември, но за жал тој го изгубил видот уште пред самото раѓање. И покрај тоа, тој е посвоен од семејство кое му ја дава целата неопходна грижа.
Кога неговите слики започнаа да кружат по социјалните мрежи, сосема јасно беше дека го добивме најпопуларното кутре за 2013 година.
На Фејсбук профилот на Реј пишува дека е роден слеп, но нема потреба да го сожалувате.
„Јас можам да трчам и да играм и да правам сè што прават другите кучиња! Сакам да ги правам среќни и засмевам луѓето и им носам радост на сите околу мене!”
Реј како млад не ни почнал да си игра и да трча во фазата кога сите други од леглото играле. Сопственичката на неговата мајка го однела на ветеринар, каде што било констатирано неговото слепило.
Таа постојано била во страв дали Реј некогаш ќе биде посвоен. Но, за среќа, го посвоило едно прекрасно семејство од Бостон.