8 правила кои ги забораваме
Живееме во свет во кој сите брзаат и се во трка да бидат подобри од другите. Во оваа луда трка, жртви се често вистинските вредности со кои сме пораснале. Да се потсетиме кои се тие:
1. Ако нешто не можеш да промениш, прифати го.
Нема смисла да си го трошите времето на работи над кои немате контрола. Најдобар начин да напреднете е да научите да ги прифатите и да живеете со нив.
2. Никој не е совршен.
Велат дека тревата е секогаш позелена во соседниот двор. Секој од нас си има свои борби и свои проблеми. Дури и оние кои се денес на врвот, некогаш одамна имале проблеми, а никој не може да гарантира дека нема да ги имаат повторно во иднина.
3. Минатото е историја, иднината – мистерија.
Немојте да жалите за минатото, ниту пак да се грижите за иднината, бидејќи ништо не можете да направите за она кое поминало, а грижата за иднината е лош начин да ја користите вашата фантазија. Сегашноста е подарок – живејте за моментот и пробајте да го направите подобар.
4. Вашиот став ве крева во облаци или ве закопува под земја.
За некои луѓе чашата е полупразна, а за некои е полуполна. Начинот на кој реагираме во одредени ситуации не дефинира како личности. На крај сè се врти околу ставот. Со позитивен став, можете да го пребродите секој проблем кој ќе ви се испречи на патот.
5. Стравот е за секого.
Запомнете дека вие не сте единствени кои се соочуваат со несигурноста секој ден.
6. Не си ги земајте при срце неуспесите.
Неуспесите и разочарувањата се неизбежен дел од нашиот живот. Она што не нè убива, само нè прави посилни. Од својот неуспех можете да научите многу работи. Најдобра лекција е да не ги повторувате истите неуспеси. Подобро е да преминете преку неуспехот, отколку да го заклучите во срцето и да бидете несигурни.
7. Сонувајте.
Нишанете во месечината за да ги добиете ѕвездите. Осмелете се да сонувате и да верувате во убавината на своите соништа. Вербата во себе и трудот ќе ве одведат кон вашата цел.
8. Простувајте.
Научете да простувате – не само на другите, туку и на себе. Не задржувајте лутина на себе, само ќе си ја зголемите несреќата. Нека зборовите „заборави и прости“ ви станат мантра.