Претворете ја бањата во домашен спа-центар
Не секогаш мора да се упатите кон некој скап спа-центар кога ќе посакате да се разгалите. Нема причина зошто вашата домашна бања не би се трансформирала во удобна просторија за неколку третмани.
Само треба да направите неколку мали промени кои нема да ве чинат многу и можете да се нурнете во топлите балончиња на домашната купка.
Топла бања
Топлата вода помешана со миризливи масла и купки ќе ви даде подеднакво чувство на уживање исто како и во скапите спа-центри. И повторно, дома ќе можете да користите масло по желба, да експериментирате со природни здрави производи наместо скапи парфимирани и што ли уште не...
Телевизор
Кој не би посакал малку музика или филмско опуштање додека лежи во кадата? Затоа, доколку сте во можност над кадата закачете мала плазма чие далечинско секогаш ќе ви биде на дофат.
Користете неутрални нијанси
Научете да балансирате кога станува збор за боите во бањата. Користете исклучиво нежни и опуштачки тонови. Тие ќе ви помогнат да се релаксирате повеќе отколку што мислевте.
Многу огледала
Опколете се со огледала. Следете го секој ваш чекор. Уживајте во пространоста и ефектот на ширина на просторот кои тие го даваат.
Свеќи
Едноставно, а ефикасно. Расфрлајте ситни свеќи насекаде, а можете и да се разгалите и со латици од рози. Така ќе ја затоплите атмосферата, а и романтичниот ефект на свеќите ќе ви ги разнежни сите сетила.