Што се промени во училишните денови - некогаш и сега

Како изгледаше школувањето во 80тите, а како тоа изгледа денес?

uchilishteto-i-decata-nekogash-i-sega-2

Некогаш не' учеа да ги почитуваме наставниците, професорите, да се залагаме за својот став и да се избориме за своето место, да го сакаме пријателот, да не лажеме... а денес? Еве една интересна споредба и приказ за фактот дека времињата се менуваат:

Ситуација 1: Бојан и Никола се степале на училиште.

1980: Другите деца ги заобиколуваат и ги разделуваат. Бојан и Никола си подаваат рака и се смируваат. Оној кој бил послаб му признава пораз на посилниот.

2013: Директорот на училиштето ќе повика полиција, а двете деца и нивните родители ќе треба да посетуваат програма за спречување на насилство.

Ситуација 2: Петар е немирен на час и им смета на другите соученици.

1980: Наставничката го испраќа кај директорот и можно е да добие неколку воспитни. Петар се враќа на час и во следната недела не му се слуша глас. После тоа, лекцијата се повторува и по неколку години тој се смирува и станува угледен готвач.

2013: Петар го праќаат кај училишниот психолог. Психологот му препишува седативи.

Ситуација 3: Марко има главоболка и понел неколку аспирини на училиште.

1980: Наставничката му дава чаша вода за да може да ги испие таблетите.

2013: Наставничката го известува училишниот психолог дека Марко зема некакви таблети, а таа пак му кажува на директорот. Директорот вика полиција. Полицијата го сослушува Марко, заради основано сомнение дека зема илегална дрога. Во неговата куќа прават рација. После ова сите зборуваат дека Марко е наркоман.

Ситуација 4: Играјќи си со топка Иван го крши прозорот од неговиот дом. Заради тоа, неговиот татко го вади ременот од панталоните и му црта неколку црвени линии на задникот.

1980: Иван станува претпазлив кога си игра. Се развива во нормално момче, го сака училиштето и станува успешен менаџер.

2013: Таткото на Иван го затвораат заради насилство врз дете. Иван го даваат на посвојување во друго семејство, а тој со тек на годините станува член на улична банда на малолетни криминалци. Психологот ја убедува сестрата на Иван да признае дека и таа е злоупотребена од таткото, па тој останува со години во затвор.

Ситуација 5: Дејан полни конзерва со барут од неколку петарди и со тоа разнесува еден мравјалник во дворот.

1980: Мравките си прават нов мравјалник.

2013: Заради експлозијата, соседите викаат полиција, војска и специјални единици. Дејан е осомничен за терористички акт. Службата за државна безбедност се приклучува кон истрагата и почнува детално да го испитува неговото минато и минатото на неговите родители. Им ги запленуваат компјутерите, а останатите деца ги носат негде на безбедно.

Ситуација 6: Додека си игра, Мила паѓа и си ги гребе колениците. Додека плаче и приоѓа наставникот, ја крева, ја теши и ја гали по косата.

1980: На Мила и е подобро и продолжува да си игра.

2013: Наставникот е обвинет за непочитување на детските права и телесен интегритет и за допирање на делови од телото на девојчето. Постои основан сомнеж дека е педофил. Се испитуваат сите други деца, за да се открие кое друго дете е злоупотребено. Го суспендираат од училиште додека трае истрагата. По неколку годишен процес му даваат условна казна. Мила како жртва, посетува психијатар со години.

Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg