Зошто е тешко да си жена?
Секогаш дотерани, исчешлани, нашминкани, намирисани, едноставно блескави! Навистина е прекрасно да си жена... Но, дали е толку прекрасно?
Еве дел од секојдневните ситуации со кои треба да се справува секоја жена и при тоа да ја задржи насмевката. Уф, фино би било на моменти да се замениме со машкиот род... малку да одмориме.
1. Моментот кога ќе посетиш професионален маникир, а следниот ден ноктите ти изгледаат вака!
2. Кога ги носиш омилените фармерки со низок струк и треба да седнеш. Лоша идеја...
3. Ништо не може да ти го расипе расположението пред излегување како прекршена коса од ластиче.
4. Кога мораш да одиш итно во тоалет а носиш целосно боди.
5. Кога големите гради не се предност. Доаѓа автобус, а ти не смееш да го пропуштиш и мора да потрчаш.
6. Кога ќе изгубите цел прамен, трудејќи се да отплеткате неколку влакна.
7. Кога накитот магично ќе се вплетка, а ти брзаш.
8. Кога ќе ти ѕирнат врвките од тангата.
9. Кога ова ќе ти се случи во јавен тоалет.
10. Кога обетките ти ги влечат ушните реси до рамена, но мора да се трпи за убавина.
11. Кога ќе си заборавиш ластиче за коса, па мораш да бараш алтернативно решение.
12. Кога ќе се случи да заплачеш, а носиш маскара. Хорор!
13. Кога ќе ти се скине ластичето за коса, а друго никаде не можеш да најдеш.
14. Кога коњското опавче ти создава главоболка.
15. Кога внатрешниот раб на градникот те боцка цел ден.
16. Кога ќе ти се залепи прамен коса на сјајот за усни.
17. Кога не си свесна дека на забите имаш траги од карминот.
Уште 10 ситуации на следната страна...