Матуранти се откажаа од свечена облека и ги донираа парите за да спасат живот
Матурантите од економско-трговското училиште Вук Караџиќ во Стара Пазова одлучиле да ја прослават матурата без да купат нова свечена облека, а тие пари да ги донираат во акцијата “Битка за бебе”.
Учениците од биротехничкиот смер без двоумење ја прифатиле оваа идеја на нивната класна раководителка. Тие изјавиле дека на матура ќе одат во гардероба која веќе ја имаат, а сите пари ќе бидат наменети за купување на нова облека на оние кои им е навистина неопходна.
Немало дилеми ниту околу тоа на кого ќе помогнат, па едногласно одлучиле дека сакаат да помогнат на најмладите новороденчиња.
На кого ќе му помогнеме, ако не на оние пред кои е нашата иднина – истакнал еден од учениците во оваа паралелка. Гордо кажуваат како со овој чекор не мислат само на себе, туку дека својата матура ја слават во хуманитарни цели.