Како да заштедите повеќе струја?
Затоа што превисоките сметки за струја се големиот проблем на денешницата, ви нудиме неколку идеи како да заштедите повеќе струја, а со тоа и некој денар плус.
Ламби наместо лустери
- Штедливите сијалици трошат 75% помалку струја од обичните, а работат од 5.000 до 15.000 часа.
- Со помалку светло ќе постигнете многу помирна и пријатна атмосфера во домот
Гответе во поклопени садови
- Ринглата треба да одговара со големината на дното од садот
- Не отворајте ја рерната пречесто. На секое отворање таа се лади за дури 15 степени.
Печка наместо парно
- Ако веќе морате да се греете на струја, одберете економична печка.
- Пуштајте ја исклучиво навечер, кога струјата е најевтина.
- На вратите и прозорците поставете изолациони траки.
Туширање наместо купка и топла бања
- Наместете го бојлерот на температура измеѓу 50 и 60 степени.
- Избегнувајте капење во полна када со вода.
- Користете класичен бојлер кој ја акумулира топлата вода која ја греете навечер, кога струјата е ефтина.