Ја добила работата благодарение на креативно видео
Студентката Олга Шебез од Зрењанин, која студира трета година на Факултетот за организациски навики во Белград, бара работа и тоа не било каква, туку работа која ќе ја исполнува. Така, видела оглас во една on-line агенција за позиција комјунити менаџер и ја добила благодарение на оригиналното видео кое го испратила наместо класична апликација.
„На фејсбук страната на компанијата видов оглас за практиканти, кој многу ми одговараше. Зошто да не? Покрај стандардно CV беше потребно да се испрати и видео во кое за една минута требаше да се објасни зошто баш мене би ми ја дале таа работна позиција. Во принцип, лесно е...си правиш видео и го испраќаш, но како да те запомнат баш тебе во купот од видеа беше најтешкиот дел кој морав д аго сработам. Веднаш замислив дека на повеќето видеа луѓето само ќе седнат пред камерата и ќе си ја прераскажат биографијата и тогаш одлучив дека јас нема да го направам тоа. Одлучив дека е најдобро да се покажам каква сум на друштвените мрежи. Да ги покажам своите профили, онакви какви што се. Така видеото не беше само формално, туку ме отсликуваше онаква каква што сум. На непосреден начин се прикажав себе, својата отвореност и карактеристики. После тоа следеше интервју кое тешко ми падна бидејќи се чувствував како тие луѓе веќе да ме познаваат бидејќи ги пуштив да прошетаат низ мојот живот. Бев нервозна бидејќи е најтешко да зборуваш за себе и зошто си ти најдобар, но видеото си ја заврши работата одлично и така сега сум една од првите 4 вработени во ова студио“- вели Олга.