Бидете оптимисти!
Иако е веќе познато дека оптимизмот може да ја подобри состојбата на организмот доколку пациентите се болни од неизлечливи болести или да ги олесни...
...оперативните зафати, се смета дека оптимизмот може да влијае на имунолошкиот систем и кај здрав човек, а со тоа да се спречи појава на некоја болест.
Луѓето кои позитивно ги оценуваат сопствените навики, и кои очекуваат и сакаат успех, имаат посилен имунитет од оние кои не се сигурни во себе и својата иднина.
Научниците наведуваат дека психолошките фактори имаат голема улога при појавата на хронични болести, а луѓето со здрав дух помалку се склони кон настинки, грип и некои облици на тумор.
Затоа, бидете секогаш насмеани и весели. Глава горе и мислете оптимисти, затоа што на крајот се ќе биде во ред!