Најпознатиот статист на сите времиња

Признајте дека кога ја видовте фотографијата на ова момче помисливте дека го знаете од некаде, но кој знае од каде?! Дами и господа, запознајте го Jasse Heiman.

najpoznatiot-statist-na-site-vreminja-1

Ако воопшто може да се избере ѕвезда меѓу статистите, тоа сигурно е Jassie Heiman. Да, знаеме дека не е презгоден, ниту преубав, но човекот вреди $500.000 долари и се бакнуваше со една од најубавите жени на светот.

Изгледа како збунет средношколец, а има полни 35 години и се занимава исклучиво со статирање во филмови, серии и реклами.

Големо пробивање доживеал во 2001 година, со улогат во „American Pie 2“ и од тогаш до денес се појавува во преку 100 улоги и станува препознатлив, па не ретко од него бараат автограми.

najpoznatiot-statist-na-site-vreminja-3

Она што е привлечно кај Jesse е неговата физиономија и лице, во кое не можете, а да не се загледате. Обично се појавува од 5 до 10 секунди и главно глуми смотан, трапав и збунет.

Врв во неговата кариера е појавувањето во рекламата за Go Daddy, рамо до рамо со прекрасната Bar Rafaeli каде добри 20 секунди страсно се бакнуваат и си ги преплетуваат јазиците.

Не се сомневаме дека Jasse намерно го саботирал првите неколку пати за да се преснимува одново!

Веднаш потоа го ангажира и Michael Buble во неговиот видео запис за песната „It’s a beautiful day“ во кој повторно се бакнува со убавицата Jaime Pressley.

Ти симнуваме капа Jesse!

Би можело да ве интересира:

Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
Девојката што „умира од досада“, девојчето со злобен поглед: Која е приказната зад најпознатите меми... Колку пати сте го виделе (и споделиле) мемето од момчето што ѝ раскажува нешто н...
Величествени градби од стари цивилизации кои можете да ги видите и денес Колосеумот во Рим, храмот на Кукулкан во Мексико – ширум светот постојат бројни ...
12 работи што општеството не ги прифаќа, иако се здрави и нормални, низ илустрации Грижата за децата не е само женска работа, па затоа не е срамота и татковците са...
Освежете си го знаењето пред одмор: Грк на Инстаграм споделува едноставни грчки фрази Од имињата на деновите на неделата, до начини како да викнете такси во Грција, п...
Психолошки трикови со кои ќе дознаете дека некој ве симпатизира, низ илустрации Ги имитира вашите движења, фрази, споделува лични детали... На кои ситници треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg