4 сестри се фотографираат заедно 36 години по ред
Далечната 1975 година американскиот фотограф Nicholas Nixon ја фотографираше неговата сопруга и нејзините три сестри и така се роди идејата тоа да стане нивна традиција.
Од тогаш, па сè до денес четирите сестри секоја година прават по една заедничка фотографија, на која се наредени по ист редослед – Heather, Mimi, Bebe и Laurie.
Оваа традиција трае веќе 36 години и едноставно не може а да не допре до вашите срца. Толку многу времиња, сезони, мода и фризури се измениле во текот на овие 36 години, но силната семејна врска меѓу овие четири жени останува иста.
Оваа галерија фотографии насловена како „Сестрите Браун“ беше изложена во Националната галерија на уметност во Њујорк.