10 кул уредени канцеларии каде секој би сакал да работи
Додека за некои белите ѕидови во канцелариите помагаат вработените да се фокусираат исклучиво на работата, за други е тоа празно платно кое не ја поттикнува креативноста.
Следните 10 компании се едни од оние кои навистина се потрудиле работниот простор да го направат несекојдневен и мора да признаеме дека секој со задоволство би сакал да доаѓа на работа, во едно вакво опкружување.
1. Kанцелариите на компанијата Epic, со седиште во Верона, имаат ентериер како внатрешност на метро во Њујорк. Навистина оригинална и забавна идеја.
2. Канцелариите и работните простории во Google се дефинитивно незаменливи кога станува збор за забава на работа. Вработените во Google можат да возат велосипед за да стигнат од една до друга канцеларија, наместо да користат елеватор – тие се спуштаат по лизгалки до соседниот кат и уште какви ли не лудории...
3. Microsoft сигурно не би бил она што е, доколку на секоја од масичките нема вградено таблет. Одлично!
4. Компанијата Infosys дозволува нејзините вработени да се размрдаат за време на паузата, така што во рамките на своите простории има куглана.
5. Во секоја од канцелариите на компанијата Box има поставено лулки, каде вработените можат да се одморат и размислуваат.
6. Facebook има посебни простории каде вработените можат да играат видео игри.
7. Компанијата Groupon ги крши традиционалните правила за тоа како треба да изгледа една конференциска сала каде се носат важни одлуки, па наместо здодевен изглед, тие во својот енетриер имаат вметнато модерен дизајн и живи бои.
8. Edelman е компанија со седиште во Чикаго и нејзината внатрешност отскокнува од сивилото на градот, бидејќи е позната по тоа што навистина сиот ентериер е во многу весели бои и потсетува на детска градинка.
9. Компанијата Autodesk имам интересни архитектонски решенија за изгледот на своите работни простории.
10. Human Helthy Vending во своите канцеларии додадоа удобни столчиња – лежалки и релаксатори, за вработените да се чувствуваат како дома.