13 начини на кои животните покажуваат љубов

Ако некогаш се прашувате што ли го спопадна вашето милениче, не грижете се, тоа само ви покажува љубов. Понекогаш навистина имаат чудни начини на кои ви ги покажуваат нивните емоции, но сепак нема ништо поубаво од топлото милениче гушнато до вас кое моментално ви допира до срцето.

13-nacini-na-koi-zivotnite-pokazuvaat-ljubov-01

Најчесто, вашите мачиња и кутриња вака ја искажуваат љубовта:

1. Мачињата понекогаш гребат, или уринираат на одредени места за да ја покажат својата сопственост.

2. Кога кутрињата се наслонуваат на вас или пак нежно ве поттурнуваат, тие го бараат вашето внимание.

3. Кога мачката ви го бутка опашот во лице, иако на вас тоа не ви се чини симпатично, за неа тоа е еден од најубавите пријателски гестови.

4. Кога кутрињата скокаат во вашата прегратка тие не сакаат да се борат, туку да се мазат.

5. Кога мачињата се тријат од вас, оставаат свој мирис на вашето тело со што се сигурни дека сте нивни, а тие ваши најсакани.

6. Кога кутрињата се радуваат легнати на грб, покажувајќи го стомакот тогаш ви веруваат бескрајно. Возвратете ја љубовта со барем неколку секунди галење.

7. Кога мачињата ве гмечат со нивните шепи, тоа е еден од најчудните видови на комуникација меѓу сопственикот и миленикот, но за нив тоа е инстинкт кој е полн со љубов.

13-nacini-na-koi-zivotnite-pokazuvaat-ljubov-1

8. Кога кучињата грицкаат рачка од некоја чанта или пак чевли, тоа е знак дека сакаат да се ослободат од стресот. Никако не го игнорирајте овој знак, бидејќи тие очајно се обидуваат да ви го привлечат вниманието за да се чувствуваат мирно и спокојно.

9. Мачињата предат заради задоволство. Ако се легнати на вас и непрестајно предат, тогаш ви кажуваат дека навистина уживаат во вашето друштво.

10. Кога кучињата го мирисаат вашето меѓуножје не изгледа ниту пријатно, ниту симпатично, но разберете дека тоа е нешто слично на поздравување за нив.

11. Мачињата сакаат да ја лижат вашата коса и лице заради тоа што тогаш најсилно го чувствуваат вашиот мирис, така што вашата меѓусебна поврзаност расте.

12. Не го занемарувајте кучешкото мафтање со опашот. Тоа е основниот знак дека со нетрпение го очекувале вашето присуство или враќање дома.

13. Мачињата секогаш ја виткаат опашката во вид на прашалник кога се со личноста која ја сметаат за своја мајка.

13-nacini-na-koi-zivotnite-pokazuvaat-ljubov-2

Би можело да ве интересира:

Забавни и необични работи што можете да ги видите само во странство (фото) Знаете ли дека во Ница, Франција, има фонтана од којашто можете да си наполните ...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg