Креативен татко најде начин да ги натера неговите деца да јадат
Се чини дека синовите на David Laferriere никогаш не можат да претпостават што ќе најдат во нивната кутија за ужинка, а при тоа не мислиме на храната.
Во последните 5 години, овој талентиран графички уметник и пред се креативен татко, секое утро исцртува интересни илустрации на кесичките во кои ги пакува сендвичите за своите деца.
Тоа е еден вид на мала игра, а децата со нетрпение чекаат да видат какво изненадување им спремил тато за тој ден.
„Никогаш однапред не знам што ќе нацртам за тој ден. Тоа е моментална инспирација од она што ме окупира во моментот. Може да биде нешто што го правиме како семејство, одмор, нешто што случајно ќе погледнам, временска прогноза и слично.“
David до сега има изработено околу 1.100 цртежи, а најомилени теми сепак му се роботи, чудовишта, црви и сл.
Ќе се согласите дека секое дете со сласт би јадело кога храната ќе му биде спакувана на ваков начин.