Вие не сте скица - НЕ за анорексијата

Бразилската модна агенција “Star Models” неодамна излезе со кампања против нарушувањата во исхраната со наслов „Вие не сте скица”. Ова е кампања која предизвика многу реакции во јавноста, така што почна да се зборува за тоа колку модната индустрија се грижи за здравјето на луѓето кога го промовира конфекцискиот број 0.

vie-ne-ste-skica-ne-za-anoreksijata-2

Ефектот на оваа кампања е постигнат со правење споредба меѓу цртежи – скици и како би изгледале вистинските девојки  кога би ги имале тие димензии. Резултатите јасно покажуваат колку е искривена и илузорна сликата за тоа како изгледа перфектна жена.

Цртежите за „Вие не сте скица. Кажете НЕ за анорексијата” ги изработи илустраторот  Edson Rosa во соработка со Samuel Marinho.

Иако оваа моќна кампања јасно покажува дека е против нарушувањата во исхраната и претераното губење килограми во име на модата, сепак некои критичари стравуваат дека токму ваквите цртежи и фотографии би можеле да им послужат како инспирација на оние лица кои веќе го имаат ова нарушување.

vie-ne-ste-skica-ne-za-anoreksijata-3

 „Вие не сте скица” е наменета пред се за младите жени во развој, кои се уште немаат јасна дефиниција за тоа што претставува убавината.

Оваа кампања се труди да им помогне да ја избегнат замката на модните индустрии и да не се препуштат на лоши навики во обид да се доближат на вештачки и неправилни стандарди за тоа што е всушност убаво.

vie-ne-ste-skica-ne-za-anoreksijata-4

Дали вие мислите дека модната индустрија има негативно влијание врз начинот на кој се формира една млада личност или тоа е сепак лична одговорност на секоја девојка?

Би можело да ве интересира:

9 работи што треба да ги направите во декември, за следната година да ви биде поуспешна Обидете се да се сетите на секој успех што сте го постигнале во изминатата годин...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Разбиваме митови: Невестата не треба да носи бисери на свадбата, затоа што ќе ѝ донесат солзи Некои веруваат дека колку бисери има на ѓерданот, толку години ќе поминете несре...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg