Кула - часовник претворена во луксузен дом
Градба со историско значење, а сега неверојатен дом. Исклучителната кула – часовник која се наоѓа на врвот на една зграда во Бруклин е здание кое плени со својата архитектонска убавина, луксузно уредување и спектакуларен поглед.
Некогашната исконска кула со часовник, според која старите жители на Њујорк си ги местеле рачните часовници, денес има нов изглед.
Простирајќи се на 6.813 м2 простор ви дава поглед од 360 степени, бидејќи наместо ѕидови има луксузно, дебело стакло. Погледот малку е попречен од четирите часовници кои се наоѓаат на секој ѕид, но доколку и тоа не ви пречи и ако имате на располагање 18 милиони долари, знајте дека кулата се продава и сè уште нема сопственик.
Би живееле ли вие тука?