Какви бои да користите во домот?
Се прашувате која боја како влијае на вашето расположение? Се мислите во која боја би требало да ја обоите спалната за да делува опуштено, во која боја да ја обоите дневната за да делува модерно и смирувачки, а во која пак детската соба?
Оваа фотографија ќе ви ја открие мистеријата за влијанието на боите.
Канцеларија - Сини ѕидови, бидејќи сината боја е најпродуктивната боја
Спална соба - Зелени ѕидови, бидејќи зелената боја делува здраво и спокојно
Женска спална соба - Розови ѕидови, бидејќи розовата боја смирува и визуелно го затоплува просторот
Кујна - Жолти ѕидови, бидејќи жолтата боја ја осветлува собата, го забрзува метаболизмиот и дава големо количество енергија
Дневна соба - Лаванда ѕидови, бидејќи нежно виолетовата ги смирува нервите и ви дозволува да се релаксирате
Трпезарија - Црвени ѕидови, бидејќи црвената боја го зголемува апетитот