Хипер - реалистични цртежи кои мора да ги погледнете
Иако изгледаат како фотографии, сепак не е се така црно – бело, кога станува збор за творештвото на овој сликар.
Дури и да се загледате, овие неверојатни дела се уште личат на замрзнат кадар со камера, но всушност се цртежи создадени од вештата рака на Paul Cadden.
Овој 47 годишен сликар од Шкотска поседува несекојдневен талент за цртање, при што создава хипер – реалистични цртежи и тоа само со молив!
Карактеристично е тоа што има изострено чувство за детали,така што брчките на лицето на една жена, чадот од цигари или водата која капе изгледаат неверојатно вистнито.
Тој за себе вели дека се разликува од останатите хипер – реалисти по тоа што тој работи претежно со молив, за разлика од повеќето кои користат разни спрејови.
Омилена му е изработката на портрети , бидејќи е зачудувачки како само преку молив и хартија може да се доловат емоциите на лицата на неговите нацртани субјекти.
Талент кој не може да остане незабележан.