Најмладата милионерка има само 6 години и претешка сметка во банка
Малата Изабела Барер, која својата кариера ја започна во шоуто "Toddlers & Tiaras" кое беше мета на бројни критики, стана најмладата милионерка на само 6 годишна возраст.
Бела, како што најчесто ја нарекуваат, веќе има своја козметичка линија, накит и облека под името “Glitzy Girl”. Нејзиното семејство известува како таа за само една година заработила милиони долари од овие колекции.
Малата Бела досега се има појавено на голем број натпревари за детска убавина на кои редовно победува.
„Ми се допаѓа да бидам богата. Зашто не би ми се допаѓало? Јас сум супер ѕвезда, имам свој накит и ми се допаѓа што сум шефица. Никогаш не губам на натпреварите за убавина, а најмногу сакам чевли. Имам преку 60 пара.“ - изјавува Бела во едно интервју за светски познат магазин.
Нејзината мајка, Сузана Барет, кажува како идејата за сопствена фирма произлегла од малата глава на Бела.
„Бидејќи сака да се шминка и кити со накит, посака да има нешто што таа самата ќе го измисли, а ние само и го овозможивме тоа.“
Сузана ги води работите околу фирмата на нејзината ќерка и тврди дека силно се труди да не ја размази својата ќерка. Таа смета дека само и дозволуваат прекрасни работи кои таа ги обожава, а тука нема ништо лошо.
Сепак, изгледа дека малата Бела одамна тргнала во тој правец, бидејќи веќе троши брдо пари на облека, чевли, нокти, сместување во најлуксузните хотели, како и на екстравагантни специјалитети.