На хорор колачиња во Лондон
Лили Ванили е мала слаткарница сместена во Лондон и веќе некое време е актуелна по слатките кои на прв поглед не делуваат така вкусно. Нејзината уметност ги поместува границите во изработката на слатки задоволства.
Колку што купувачите се одушевени од нејзината уметност и идеја, толку и ја одминуваат со згрозен поглед.
Својата работа Лили Ванили ја опишува како игра, а секое нејзино колаче има посебна, хорор приказна. Сака што нејзината работа е нешто надвор од традиционалното и вообичаеното и што на купувачите им нуди право освежување на гурманската свена.
„Повеќе од колачињата ги смислувам сосема случајно. Сè започнува од тоа како едно колаче би требало да изгледа, каков вкус и каков мирис би требало да има. Ниту еден од моите рецепти не е потполно готов. Секогаш додавам нешто ново и од по ново ги усовршувам колачињата“, вели Лили.
Дали вие би се осудиле да пробате некое од нејзините хорор колачиња? Погледнете колку реално изгледаат.