Дневник на кумановец во Канада

19 август: Уселисмо се у нашу нову куќу у Торонто. Сви смо среќни и узбудени. Овдека е такој убаво. Пуно паркови и зеленило. Може да замислу како ќе биде зимуске. Одвај чекам да падне снег и да ги покрие овија паркови и ридчиња, па да се санкамо и гаѓамо с’с топке. Колко ќе биде убаво.

dnevnik-na-kumanovec-vo-kanada-01

14 октомври: Канада. Тој е најубава земља на свет. Листови почнасва да се сушив и боив у најразличити нијансе на жуто, црвено и помаранџасто. Вози се на север од Торонто и виде елени. Толку су убави. Тој су најубави животни на свет. Овдека ми изгледа како у рај. Много гу сакам Канаду.

11 новембар: Thanksgiving day (Канадски државан празник). Лов на елени само што не е почнаја. Не могу да замислу некој да може да убие такву питому животињу. Надам се дека брзо ќе падне снег. Веќ куписмо санку и скије. Само још снег ни фали. Такој е убаво овдека.

2 децембар: Синоќа падна и прв снег. Сабајле к’д стана све беше покриено с’с бел покривач. Све изгледа како на разгледнице. Искочимо надвор, очистимо да снег пред куќу и после се гаѓасмо с’с топке (ја победи). К’д пројде машина за чистење на снег, нафрља малко снег у двор, па искочисмо поново да га очистимо излаз на улицу. Колко е убава Канада. Много гу сакам.

12 децембар: Синоќа па пада снег. Одсабајле закасни на работу, зашто немога да га истерам авто на улицу. Све беше завеано. Овдека е стварно много убаво, само малко сам уморан од чистење снег. Д’нска цело попладне чисти. Деца имале за домашно, а жена прави ручак. Испушти си гу моју емисију на ТВ. Еве гу па машина за чистење снег. Не могу, уморан сам. Одсабајле ќе очисту.

22 децембар: Овој бело срање па пада синоќа. Од чистење снег доби жуљеви, а и грб ме боли. Ов`ј мајмун с`с машину како да седи поза ќоше и чека. Чим падне снег и ја га очисту, те ти га одма доваѓа и нафрља га снег назад у двор. Покварењак.

25 децембар: Среќан леден Божиќ. Бело срање пада ли пада. А ако случајно га виду онога што вози машину за чистење снег, ќе ме запамти. А и овија што посипуев сол, што не стављав повише па побрзо да се стопи, него штедив.

27 децембар: Овој јоште пада. Три д`на не сам искочија надвор, едино к`д чисту снег. Нигде не идемо. Све е затрупано с`с снег. Пред куќу брдо од снег. А и доста е ладно. Викав дека вечер ќе биде -35, а и снег ќе пада. Нафркале смо га.

28 децембар: Прогноза беше погрешна. Наместо 5 сантиметра, падна пола метар. Ако овакој продужи, ќе не затрупа па неможемо да видимо сл`нце ч`к до лето. Скије што ги купи ќе ги замену на пролет с`с скије за воду. Нема ништо од скијање овдека. Он`ј с`с машину дојде куде мене да тражи лопату, зашто машина за чистење снег му се заглавила. Кажа му дека дос`га сам скршија 3 лопати чистејќи га т`ј његов снег, а и овуј не го жалу да гу скршу од његову главу. Избега како попарен. Нема т`ј више да проваѓа у нашу улицу.

4 јануари: Најпосле искочи од куќу. Отиде до продавницу да купу нешто за едење, и на враќање удари с`с кола у еднога елена. Три иљаде долара штета. Мајку им еленску, куде нашле с`га у сред зиму да се шетав. Море треба све да ги испотепав. Куде су тија ловци што су работале у есен? Овој га има само у Канаду. Куде нас ни куче нема да видиш зимуске, а камоли елен да се шета. Еј, куде сам ја дошија.

3 мај: Д`н`ска га одвезе авто куде механичара. Просто да не веруеш колко за’рѓало од т`ј сол што с`с камиони га фрљав по улице. Не им се чисти снег па сипи сол. Ќе треба да даду још две иљаде за да га спрему авто за другу зиму и јоште сол.

10 мај: К`д собра све на све, паре, мука, здравје, нервоза, реши да се селимо и да идемо на Флориду. Тамо ќе се скијамо, ама на воду. Не могу да замислу како нормалан човек може да живи овдека.

А на разгледнице све беше убаво...

Благодарност до Мартин Петрушевски кој ни помогна со кумановскиот дијалект :-)

Би можело да ве интересира:

Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg