8 необични употреби на солта

Солта не служи само за да се зачини храната, корисна е и за смирување на изгореници, отоци од каснување на пчели и како ефикасно средство за чистење на ѓезвиња за варење кафе. Еве неколку необични и практични употреби на солта.

8-neobicni-upotrebi-na-solta

Смирување на каснување од пчела
Навлажнете го местото каде што ве каснала пчела и веднаш посолете го. Отокот ќе се смири веднаш.

Ја чисти извалканата рерна
Ако ви се истурила храна во рерната во текот на печењето, посипете сол за да го спречите чадењето и непријатните мириси. Кога рерната ќе се излади употребете ја солта за ефикасно да ја исчистите.

Елиминирајте ја разлеаната боја на облеката
Ако ви се случи да исперете шарена облека на повисока температура и да ви се разлеат боите, немојте да се грижите, солта ќе ви помогне. Потопете ја обоената облека во половина литар вода во која сте додале половина шолја оцет и половина шолја сол. Оставете да потстои еден час.  

Тест за расипани јајца
Ставете го јајцето во чаша со вода во која сте додале две лажичиња сол. Свежото јајце ќе потоне, а расипаното ќе плута.

Исчистете го ѓезвето за кафе
Во ѓезвето ставете една четвртина шолја сол и десетина коцки мраз. Нека постои половина час, потоа измијте го со студена вода.

Исчистете го вештачкото цвеќе
Ставете ја солта и цвеќето во кеса и протресете ја, ќе видите што ќе постигнете.

Спречете го замрзнувањето на прозорите
Потопете го сунѓерот во солена вода и истријте ги прозорите. Истиот ефект можете да го постигнете и на шофершајбната од вашиот автомобил ако ставите сол на газа, ја наводените и го истриете стаклото.

Исчистете ја даската за сечење
Ставете сол на даската, истријте ја со тврда четка, потоа исперете со жешка вода. Повторете го ова по секоја употреба на штицата.

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Секојдневни работи што не сме свесни дека ги правиме погрешно Знаевте ли дека постои попрактичен начин за ставање на освежувачот во тоалетната...
9 совети за преживување во кои не треба да верувате (може да ве чинат живот) Цицањето на отровот од змијата може да биде опасно, а ако се обидете да се ориен...
Породување, камен во бубрег: Најсилни болки кои може да ги почувствува човекот Фрактурата на пенисот, позната и како „најлошиот кошмар на секој маж“ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg