Од гарсониера до двособен стан
Кога станува збор за создавање на комфорно место за живеење, денес е возможно речиси сè!
За пример земавме стан – гарсониера со површина од 32 м², која содржи дневна соба, кујна и бања, а со реновирање треба да се добие уште една соба - спална соба.
Изведбата е на тимот на Биро Проект кој по извршениот увид, прифатените идејни скици и направениот проект за реновирање, се насочи кон грубите градежно-занаетчиски работи.
По завршување на комплетните промени – рушење на постоечки скали, фасаден ѕид, промена на плочки и паркет и електрична инсталација во целиот стан, успешно се комплетираше замислата – да се добие функционална спална соба.
Повеќе информации за уредување на вашиот ентериер може да најдете на www.biroproekt.mk или на Фејсбук страната https://www.facebook.com/biroproekt