Добро испланирана пензија
Во близина на зоолошката градина во Бристол постои паркинг за околу 150 автомобили и 8 автобуси. За околу 25 години на паркингот наплатувал многу љубезен чувар. Цената на паркингот бил 4 долари за автомобили и 12 долари за автобуси.
Еден ден, по 25 години редовно доаѓање на работа, чуварот едноставно не се појавил. Управата на зоолошката градина била присилена да се јави во Градската Управа и да побара друг чувар на паркингот.
Меѓутоа, од таму им одговориле дека управата нема никаква надлежност над паркингот и дека самата зоолошка ќе треба да одлучи што ќе се случува на паркингот.
Оној кој се јавувал од зоолошката градина зачуден им рекол дека вработениот чувар бил нивен човек. Тогаш Градската Управа потврдила дека никогаш немала свој вработен како чувар на паркингот.
За тоа време, човекот за кој се водела расправијата, веројатно седел во својата вила некаде во Шпанија, на Карибите или на некоја слична дестинација, затоа што очигледно самоиницијативно инсталирал апарат за наплата на паркингот.
И така тој секој ден наплатувал по околу 1.200 долари дневно, 25 години по ред. Тоа значи дека вкупниот износ е преку 10 милиони долари.
А да, никој ни ден денес не знае како се вика тој човек!