Најлуксузната хотелска соба во замокот на Дизни (фото)
Постои само една единствена соба во внатрешноста на Дизни светот, која првично била наменета за Волт Дизни и неговото семејство кога го посетувале паркот.
По смртта на Волт Дизни просторот се користел како место за складирање цели 40 години. Дури во 2005 година завршено е реновирањето на оваа соба.
До најлуксузната соба во Дизни замокот ќе ве однесе приватен лифт, специјално направен за таа намена. Во текот на престојот на располагање ќе имате батлер 24 часа на ден за било што и да посакате.
Ова е клучот кој ги отвора вратите на најлуксузното уживање кое некогаш сте го замислувале.
Кристалните садови, обоените прозорци и златните подови од бајките тука стануваат реалност.
Но, тажната реалност е дека не можете да го резервирате овој апартман. Тој се користи исклучиво за промоции на Дизни светот или пак за хуманитарни настани.
Вака изгледа целосната прошетка низ овој апартман: