Шест непишани правила на женските пријателства
Сè уште не ја составивте листата на правила за женските другарства? Ви нудиме мала помош. Следниве шест правила кои се наоѓаат на оваа листа ниту една пријателка нема да ги толерира, ниту да ги премолчи. Затоа во овие случаи подобро спречете, отколку да лечите.
1. Нејзиниот дечко
На него немој ни да помислиш! Дали намерно или ненамерно, тоа е прекршување на правилото број 1 за кое никогаш нема да ти прости. Затоа, доколку почувствувате некоја искра од другата страна и настануваат незгодни ситуации, вашата пријателка секогаш треба да знае. Верувајте дека повеќе ќе го цени гестот и намерата отколку било што друго.
2. Секогаш прашувај
Ова правило пред сè се однесува на пријателките кои живеат заедно. Ако делите стан, тоа не значи дека делите апсолутно сè во него. Позајмувањето или поканата на трет човек во станот секогаш би требало таа да го знае пред сите останати.
3. Позајмување облека
Да се надоврземе на претходното правило, ако некогаш нешто си позајмила од твојата пријателка, правило е тоа парче облека или аксесоар да се врати во состојбата во која била. Без флеки, дупки или преправки. А, кога веќе штетата настанала, барем понуди се да ја поправиш.
4. Искреност
Повеќето луѓе ги вознемируваат лагите, без разлика дали е мала или голема. Искинатата маичка можеби нема да ви го уништи пријателството, но лагите сигурно, посебно ако често ги практикувате. Заради тоа, потрудете се да бидете што поискрени можете, па дури и кога се работи за чувствителни теми. Како и да го кажеш она што го мислиш, сигурно нема да биде полошо од молчењето и сокривањето на вистината.
5. Но...
До одредени мерки. Искреноста е важна, но тоа не значи дека сè е дозволено. Посебно не навредите за време на расправија.
6. Вашите пријатели
Често се случува твојата пријателка да ја запознаеш со некој твој близок другар, а веќе следниот ден ги гледаш заедно на кафе. Зближувањето само за една вечер на две блиски личности знае да е доста иритирачко. Ако дојде до тоа, не се воздржувај да кажеш колку и зошто ти смета.