Детските богатства ширум светот
Што поседуваат најмладите? Што тие сметаат за богатство? Оваа мала приказна преку фотографии ќе ви покаже колку тие се скромни и колку го ценат и чуваат она што им е близу до срцето.
Додека некои имаат едвај по некоја кукла, други уживаат во прегратките на огромните плишани играчки. Сепак, тоа е нивно лично богатство, без оглед на тоа колкаво е.
Италијанскиот фотограф Габриел Галимберти го започна проектот наречен „Приказна за играчките“ во кој ги обедини фотографиите на децата ширум светот со своето најдрагоцено нешто.
Играта е заедничка на сите деца, меѓутоа условите во кои се забавуваат и префинетоста на играчките се разликуваат од земја до земја.