Домашни мусли плочки
Состојките на домашните мусли плочки можеме да ги креираме по желба и да ставиме се што сакаме – разни житарици, корнфлекс, суви брусници, смокви, кајсии, сливи, грозје, сушен кокос, ореви, `фстаци, мед...
Еве една од бројните варијанти за подготовка на здрави домашни мусли.
Состојки:
- 140g грубо сечкани житарици (пр. овесни снегулки)
- 30g корнфлекс
- 60g пржени бадеми и лешници
- 15g пченично брашно
- 50g мед
- 60g суво овошје или состојки по желба
- 1/4 лажичка сол и кафен шеќер
- 2 белки
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 150°C. Тепсијата за печење прекријте ја со фолија, премачкајте ја со масло и посипете ја со брашно. Во еден сад измешајте ги сите состојки, а во друг сад измиксирајте ги белките со кафениот шеќер и солта. Потоа спојте ги содржините од двата сада и распоредете ја содржината на тепсијата за печење. Печете четириесетина минути, оставете да се излади и исечете на плочки.
Добар апетит!