Како да им се разубави 8ми март на дамите?

Традиција е на 8-ми март или Денот на жената, мажите да го „бомбардираат“ понежниот пол со внимание и подароци. Ова се неколку препораки како да им се разубави 8-ми март на дамите.

kako-da-im-se-razubavi-8mi-mart-na-damite

Мажот треба да го почувствува овој ден како да е и негов и се ќе биде полесно, а имагинацијата и шармот ќе дојдат во израз во полн сјај.

1. Секоја жена очекува од мажите да се сетат на тој ден без разлика колку тврдат дека не им значи.

2. Ако мажот одбира подарок во последен момент, нека не биде стереотипен.

3. Подарокот не мора задолжително да биде скап.

4. Во предвид доаѓа и заедничка романтична вечера дома, со шише вино.

5. Едно нешто што не треба да го направат мажите е денот да го претворат во свој празник кој ќе го поминат на прослава со колешките или одлично да се забавуваат во машко друштво.

6. Секогаш треба да се има на ум дека постојат лични подароци за - мајки, баби, сопруги, девојки, пријателки кои внимателно се одбираат за секоја дама.

Ако се работи за сопруга или девојка може да дојде во предвид поинтимен подарок како што е квалитетна долна облека. Медаљон со датум на венчавката или првиот состанок, тоа ќе биде полн погодок.

За пријателка, може да се помине со некоја ситница во склад со нејзиниот интерес или хоби. Жената која сака викендот да го помине на планина, на скијање или во теретана ќе биде многу задоволна со некоја ситница од богатиот арсенал на спортска опрема.

На подарокот за својата мајка посветете особено внимание. Немојте случајно да и купувате садови за домаќинство, па дури ни оние најскапите.

Друга категорија на подароци им е наменета на колешките. Таму нема потреба од поголема инвентивност, една ружа или едно чоколадо ќе бидат сосема доволни.

Се надеваме дека помогнавме во последен час.

Среќен 8-ми март наши дами!

Би можело да ве интересира:

Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Примери за подвоени стандарди меѓу мажите и жените што (за жал) сè уште се прифатени, низ илустрации Во приказните, мажот што лета е „супермен“, а жената е „вештерка“. Кога тато ги ...
Низ илустрации: Стереотипи за мажите и жените кои е време да ги заборавиме Сите жени сонуваат за брак, а секој маж сака да биде „вечен ерген“ – најчестите ...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg