Справете се со "control freak"
Доколку работите со личност која во секој момент мора да знае кој каде се наоѓа, кој доаѓа на состанок, што правите и со кого сте разговарале по...
...телефон, а воедно таа личност не ви е надредена, тогаш се среќавате со личност т.н. контрол фрик.
Личностите кои ја имаат оваа особина обично се добронамерни, но едноставно мораат и сакаат да знаат се. Многу често се замараат со туѓите обврски, ја занемаруваат својата работа и на крај останатите мораат да ги поправаат нивните грешки.
Овие “контролирачи“ секогаш ги интересира се што е важно и неважно затоа што на тој начин сакаат да го задржат вниманието кон себе.
Вниманието е елемент кој им недостасува и се уверени дека треба да знаат се за да можат да ви помогнат. Едноставно е - објаснете им дека немате потреба од нивната грижа и доколку ви се потребни ќе им се обратите сами.
Најчесто оние “тврдоглавите“ нема да разберат што сакате да им кажете, во тој случај бидете “искрени“ и јасно кажете им дека ви пречи нивното однесување.
Кога веќе ни тоа нема да “запали“ едноставно игнорирајте ги и со тек на време тоа би требало да ги “приземји“.
Иако знаат да бидат непосносливи немојте да бидете агресивни, бидете дипломати затоа што не знаете кому оваа личност му се доверува, затоа што тие така манипулираат со околината.
Секогаш се информирани како “жолт печат“ и знаат како да ги интерпретираат информациите. Затоа бидете културни и внимателно однесувајте се со “алапачите“.