10 помалку познати факти за “Sex and the City”
Сексот и градот е хит серија кога се емитуваше околу 6 години. Многу жени се поистоветуваа со барем една од четирите тотално различни пријателки од Њујорк. Иако серијата доживеа неверојатна слава, таа со својата тема сруши голем број на табуа низ светот околу што мислењата се поделени.
Меѓутоа, постојат нешта кои се релативно малку познати кога станува збор за оваа серија. Ова се најмалку познатите 10 факти кои ќе ве зачудат и покрај тоа што мислевте дека знаете сè.
1. Во епизодата „Бегство од Њујорк“ една од машките улоги ја игра Метју Меконахи, но првично оваа улога била наменета за Алек Болдвин.
2. Откако Алек не ја прифатил улогата, таа му била понудена на Џорџ Клуни кој моментално изразил голем интерес за неа. Но, потоа сепак одбил.
3. Становите кои се појавуваат во оваа серија се всушност симулација. Секоја декорација на овие ентериери е однапред испланирана до ситница.
4. Станот во чија симулација живееше Кери Бредшо сега се продава за речиси 10 милиони долари.
5. Венчаницата на Кери Бредшо, дело на Вивијен Вествуд, се произведувала и продавала во неверојатно висок број само ден откако таа се појавила во оваа креација.
6. Алтер егото на Кери Бредшо чини дури 50 илјади долари. Кендас Бушнел е девојката која ги смислува инспиративните цитати кои Кери Бредшо ги пишува.
7. Сте се запрашале зошто само Кери остана облечена во текот на целата серија? Таа однапред потпишала договор во кој јасно се наведува дека таа никогаш нема да се појави во сцена каде што има голотија.
8. Миранда Хобс, која е природна плавуша ја променила бојата на косата само затоа што ликот во серијата така и налагал.
9. Во времето кога е снимаше најавната шпица за оваа серија, здолништето од тул доживеа неверојатна слава и покрај тоа што чини нецели 5 долари.
10. Ким Катрал најпрво не се согласила да ја игра Саманта. Но, по долго убедувања се согласила да ја сними најавата за серијата. Подоцна, работите самите по себе се одвивале во вистинскиот правец.