Како да имате среќен и исполнет живот?
Ако често забележувате дека сте незадоволни со начинот на кој ви поминува времето или пак луѓето во вашето опкружување ви претставуваат терет, време е да престанете да го живеете животот без задоволство.
Обидете се да го направите вашето секојдневие исполнето и среќно во само неколку едноставни чекори.
1. Обидете се на момент да излезете од својата кожа и да погледнете како го минувате денот. Одредете што ви се допаѓа, а што не за полесно да можете да ги промените недостатоците.
2. Откријте ги своите најсилни страни и користете ги секој ден во корист на она со што се занимавате.
3. Вежбајте, спортувајте. Вложете многу време и сила во физичките активности.
4. Спијте добро. Здравиот и редовен сон е најважен за активностите во текот на целиот ден.
5. Запишувајте ги вашите успеси. Само така ќе знаете што сте постигнале, а што ве чека во следните денови, месеци, години...
6. Запишувајте ги сите идеи кои ќе ви дојдат во главата, не знаете кога ќе ви се пружи шанса да ги реализирате.
7. Ако нешто сакате, заборавете на компромисите.
8. Чувајте ги контактите со луѓето со кои ви е пријатно да се дружите.
9. Поставете си рокови за постигнување на целите. Така нема да ви се чини како цела вечност да правите нешто бесцелно.
10. Бидете полни со ентузијазам и верувајте во себе.
11. Будете се со музика, наместо со аларм.
12. Ограничете го гледањето телевизија и користењето на компјутер на 3 до 4 часа дневно.
13. Планирајте ги активностите ден порано.
14. Поставете си приоритети. Не го трошете времето залудно за нешто што не ви е важно.
15. Опуштете се и доживејте ги сите емоции. Почувствувајте љубов, болка, радост, тага и ценете ги сите поединечно.